12 August, 2008

Што сакам уствари?



Музика: Марвиј Геј - Лец Гет ит Он




Еве и јас демек со блог да почнам. Не дека нешто посебно само што досадно е вака на работа трета смена, па ај демек да си ги напишам мислите на нетов, можеби некој ден некаде после неколку години, некој и ќе ги прочита. А и не мора дудуша...
Јеботе животот, денеска читам починал Исак Хејз од срцев удар. Тоа што ме изненади е дека типот и покрај толку пари и слава...се вратил во Мемфис, Тенеси. Корењата понекогаш тешко се забораваат. Улиците кои што го научија да ја испее тагата на толку префинет начин. Се врати во гетото. Се мислев, зарем толку вреди животот? Да се бориш, да успееш, да прегазиш се пред себе...за во одреден момент да сфатиш дека не си никој и ништо. Да се вратиш од таму каде што потекнуваш, дека сепак само таму си среќен.
Што е тоа што не прави среќни? Каде припаѓаме? Дали животот има значење? Како треба да го живееме животот и зашто? Никогаш не можам да си дадам себеси одговор на прашањава со оглед на тоа дека како што стареам, други ми се амбициите, поинакви ми се сфаќањата кон светот. Секогаш нешто друго сакам. Дали после некое време ќе ги посакам пак истите работи што сум ги посакал во почетокот?
Дали јас уствари знам што СЕГА сакам, па да му ја мислам за иднината?


No comments:

 
Free counter and web stats