28 August, 2008

Dreams...

Понекогаш се губиме во мисли, се губиме во соништа. Соништа кои што сакаме да ни се остварат. Работи кои што сакаме да ги имаме во животот. Нешта, од кои што мислиме дека би ни се подобрил животот. Почнувајќи од материјални, емоционални, луѓе, места. Што сакаме. Секој миг потрошен во такви мисли, значи дека сме еден миг подалеку да го постигнеме тоа...за жал.
Понекогаш посакувам да би живеел во некој поинаков свет. Што знам...некој си чуден свет, каде што и јас би бил чуден како што понекогаш знам да бидам. Во свет, каде што политиката, луѓето, општеството, би било поинакво...Утопија. Можеби на некој начин Томас Мур бил во право...Можеби тоа ни треба на сите нас...
Дали се срамиме да си ги искажеме нашите соништа на глас, за и другите да ги знаат? Да знаат кои сме, што сме. Што сакаме. Дали ги криеме, дека се срамиме од нив? Се срамиме што другите би помислиле. Се срамиме од себеси, дека општеството е такво што не ни дозволува да живееме живот кој што го сонуваме? Каде ни е крајот?

No comments:

 
Free counter and web stats