Кој ебен ден еј...јебем ти саботата. Се будам ко идиот во 4 попладне, за да видам дека некои будали се спукале на плоштад, неспособни овци предводени во абис, во пропаст. Исто како финтата на Итар Пејо, скокајте мариовци, вуна...Скокајте сељандури..
Но, искрено веќе тоа ми има станато како секојдневие. Едните ги нарекуваат другите едноумни, а третите се предавници, голема работа. На западу ништо ново.
Но мораше ли бе...мораше ли да се појави од никаде, во ниедно време, да ме потсети на болка? Да ми каже зборови кои што не сакам да ги чујам. Да ми каже работи кои што знае дека ќе ме повредат. Зашто? Толку ли заслужувам? И сега? Што сега? Што беше поентата? Што сакаше да постигнеш? Мада и ја глуп...искрен. Наивен. Ако, така ми треба. Глуп, милион совети даваш на другите, себеси барем да се послушав.Ах...ќор. ЌОР!
Не останува изгледа ништо друго... само спас во песна да се бара, и солзи да се исушат.
Колку само песнава ме потсеќа на денешниов ден...колку само изгледа дека е испеана од моја уста...
28 March, 2009
28 August, 2008
Dreams...
Понекогаш се губиме во мисли, се губиме во соништа. Соништа кои што сакаме да ни се остварат. Работи кои што сакаме да ги имаме во животот. Нешта, од кои што мислиме дека би ни се подобрил животот. Почнувајќи од материјални, емоционални, луѓе, места. Што сакаме. Секој миг потрошен во такви мисли, значи дека сме еден миг подалеку да го постигнеме тоа...за жал.
Понекогаш посакувам да би живеел во некој поинаков свет. Што знам...некој си чуден свет, каде што и јас би бил чуден како што понекогаш знам да бидам. Во свет, каде што политиката, луѓето, општеството, би било поинакво...Утопија. Можеби на некој начин Томас Мур бил во право...Можеби тоа ни треба на сите нас...
Дали се срамиме да си ги искажеме нашите соништа на глас, за и другите да ги знаат? Да знаат кои сме, што сме. Што сакаме. Дали ги криеме, дека се срамиме од нив? Се срамиме што другите би помислиле. Се срамиме од себеси, дека општеството е такво што не ни дозволува да живееме живот кој што го сонуваме? Каде ни е крајот?

13 August, 2008
Blues Brothers

Пред година дена го затворија Блуз Брадрс локалот поради недоразбирање на газди, посредници, комшии, другари и што ти ја знам што друго. Едно од моите омилени места за дружба. Џез музика, соул, Мемфис блуз постери, дрвен ентериер, стар луд диџеј кој 25/7 беше напушен скоро секогаш пречекорено работно време. Мерак за душа што би се рекло.
Некни поминав од таму, гледам графитот сеуште стои, тропам на вратата, нема живо пиле. Дознав од луѓе дека никој нема, никој не се ни појавил. Никој не ни покажал интерес за тоа место. Штета. Баш имам добри спомени од таму. Контактирав со газдата, договорив состанок за евентуално да го превземам Блуз да биде мое лично гнездо каде ќе се кријам позади блузот, со коњак на рака, евентуално некоја пура, и да уживам во задимена просторија гледајќи во лицата на непознатите муштерии кои најверојатно ќе бидат до максимум двајца...Идила.
12 August, 2008
Што сакам уствари?

Музика: Марвиј Геј - Лец Гет ит Он
Еве и јас демек со блог да почнам. Не дека нешто посебно само што досадно е вака на работа трета смена, па ај демек да си ги напишам мислите на нетов, можеби некој ден некаде после неколку години, некој и ќе ги прочита. А и не мора дудуша...
Јеботе животот, денеска читам починал Исак Хејз од срцев удар. Тоа што ме изненади е дека типот и покрај толку пари и слава...се вратил во Мемфис, Тенеси. Корењата понекогаш тешко се забораваат. Улиците кои што го научија да ја испее тагата на толку префинет начин. Се врати во гетото. Се мислев, зарем толку вреди животот? Да се бориш, да успееш, да прегазиш се пред себе...за во одреден момент да сфатиш дека не си никој и ништо. Да се вратиш од таму каде што потекнуваш, дека сепак само таму си среќен.
Што е тоа што не прави среќни? Каде припаѓаме? Дали животот има значење? Како треба да го живееме животот и зашто? Никогаш не можам да си дадам себеси одговор на прашањава со оглед на тоа дека како што стареам, други ми се амбициите, поинакви ми се сфаќањата кон светот. Секогаш нешто друго сакам. Дали после некое време ќе ги посакам пак истите работи што сум ги посакал во почетокот?
Дали јас уствари знам што СЕГА сакам, па да му ја мислам за иднината?

Subscribe to:
Comments (Atom)